Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗНМ бара ослободување на Божиновски

ЗНМ бара ослободување на Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Од здружението порачуваат дека долгиот притвор веќе не е во функција на судскиот процес, туку се претворил во своевидна казна за новинарот.

„Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата Ленка Давиткова веднаш да го укине притворот. Долгиот притвор на Божиновски повеќе не служи за ефикасно одвивање на судскиот процес, туку прераснува во казна. Да се држи во притвор новинар речиси три години, во екстрадиционен притвор во Србија и во притвор во Македонија, е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји“, се вели во барањето од ЗНМ.

Новинарското здружение порачува дека ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, и ја повика новата влада да се заложи за ослободување на новинарот.