Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТалески на распит во суд, СЈО сака да го „транспортира“ во притвор

Талески на распит во суд, СЈО сака да го „транспортира“ во притвор

Битолскиот градоначалник се јави на распит во Кривичниот суд за предметот „Транспортер“ кој го започна Специјалното јавно обвинителство кој се базира на прислушкуваните разговори за коруптивни договори со превозните компании за училишниот превоз во општина Битола.

СЈО бара и притвор против Талески со оглед дека тој се уште е на функција и може да ги прикрие доказите, да влијае на сведоците и да го повтори делото, но за тежината на мерката на обезбедување сепак, ќе одлучува судијата во претходна постапка. Во истиот случај осомничени се уште дваесетина лица против кои исто така се води истрага.