Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиСветската ѕвезда Џош Стоун со „интимен“ концерт во Скопје – Еве колку ќе чини влезницата

Светската ѕвезда Џош Стоун со „интимен“ концерт во Скопје – Еве колку ќе чини влезницата

Големата музичка ѕвезда Џош Стоун доаѓа на ексклузивен интимен концерт во Скопје. Пејачката со моќен вокал ќе настапи со целосниот состав на својот бенд во Дансинг салата на МКЦ, на 14 октомври на полноќ. Концертот ќе биде дел од 35-от Скопски џез фестивал, а организаторите најавија дека во продажба ќе бидат пуштени само 900 билети по цена од 1500 денари, што значи дека само најсреќните ќе стигнат до влезници. Продажбата на билетите стартува следната недела, поточно во четврток на пладе.