Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСведочат заштитените сведоци за „Диво Насеље“, судењето зад затворени врати

Сведочат заштитените сведоци за „Диво Насеље“, судењето зад затворени врати

Денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочат заштитените сведоци за ланските немили настани во кумановската населба Диво Насеље каде беа убиени 8 припадници на МВР, а 14 беа тешко повредени.

Поради тајност на овој дел од постапката, судењето е затворено за јавноста, односно на новинарите не им е дозволено да присуствуваат во судница, а според најавите, тајни ќе бидат сите рочишта до крајот на август, бидејќи до тогаш треба да се сослушаат околу 40 заштитени сведоци.

Во случајот „Диво Насеље“, обвинети се 29 лица за тероризам, кои се товарат дека биле дел од кумановска група за тероризам и терористичка организација.