Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСушата нема да ја остави Македонија без вода за пиење

Сушата нема да ја остави Македонија без вода за пиење

Сушата нема да влијае врз питката вода со која се снабдуваат македонските градови, бидејќи водата е длабоко складирана во карстните резервоари. Ова го тврди ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, геологот Блажо Боев. Според него, овие води се едни од поквалитетните природни питки води во Европа.

– Безмалку сите населени места во земјава се снабдуваат од вакви природни резервоари. Што се однесува до заканата од суша на Македонија, како резултат од глобалниот феномен, наречен климатски промени, засега со овој природен потенцијал на складирани води во македонските карстни резервоари, градовите ќе го немаат тој проблем, во однос на другите делови на Балканот и на Европа – вели Боев.

Според неговата колешка, геологот Билјана Гичевска, 40 отсто од градовите се снабдуваат од пештерски извори или, стручно, од природни карстни врела.

– Дел од македонските населби се снабдуваат со исправна вода за пиење од карстни извори и тоа доволно говори за тоа колку Македонија е високо на листата на еко-земји во Европа, во поглед на чистотата на својата околина – вели Гичевска.