Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСупер куповите во Германија и Франција во знак на Волфсбург и ПСЖ

Супер куповите во Германија и Франција во знак на Волфсбург и ПСЖ

Вчеравечер се одиграа двете супер финалиња од Супер Купот, едното во Франција помеѓу екипите на Париз Сен Жермен и Олимпик Лион, а во другото се соочија очи в очи Баерн Минхен и Волфсбург.

Францускиот шампион успеа да го реши противникот уште во првата половина од првото полувреме со головите на Серж Орие (11. минута) и Едисон Кавани (17. минута) кои го комплетираа конечниот резултат од 2:0.

Шампионот на Германија, пак, успеа само да резимира против Волфсбург во регуларните 90 минути, и по резултат од 1:1 победникот го реши пенал рулетот во кој единствени Чаби Алонсо не успеа да ја затресе противничката мрежа. Со 5:4 на пенали, Волфсбург успеа да го освои својот прв Супер Куп.