Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудиите бараат повисоки плати

Судиите бараат повисоки плати

Здружението на судии бара зголемување на платите како на обвинителите. Како што соопшти Здружението на судии, во таа насока, Управниот одбор ги поддржа досегашните напори на претседателот на Здружението со предлог тие да продолжат и да бидат насочени кон надлежните институции, особено кон Судскиот Совет на РМ и Судски Буџетски Совет.

„Управниот одбор утврди дека надлежните органи не покажале сериозен пристап кон ова прашање и барањата на судиите, па оттука остро реагира на таквото однесување и повикува на соодветен ангажман со цел исполнување на барањата на судиите засновани на релевантната законска регулатива, а заради заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција.

Управниот одбор, се додава во соопштението, заклучи, дека е потребно натамошните активности да се насочат во правец на отворање на вистински дијалог за изнаоѓање на соодветно решение, а за таа цел овие активности да бидат водени и од ставовите и препораките на подружниците.