Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтранските производи под ембарго ќе се уништуваат – Путин потпиша декрет

Странските производи под ембарго ќе се уништуваат – Путин потпиша декрет

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за уништување на производите што подлежат на руското ембарго, а документот ќе важи од 6 август, сооопшти Кремљ.

„Земјоделските производи, сировините и храната која се увезува на територијата на Руската Федерација, а која потекнува од земја која вовела санкции кон руските правни субјекти и/или поединци или се придружила кон таквата одлука, и на која и е забранет влез на територијата на Руската Федерација, од 6 август 2015 година ќе биде предмет на уништување“, се наведува во документот што го објави прес службата на Кремљ, пренесе ТАСС.

Во август 2014 година Русија воведе ембарго врз повеќе производи од членките на Европската унија и САД, кои поради украинската криза воведоа санкции врз Москва.