Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПутин не е најбогатиот во Кремљ – Еве кој заработува повеќе од него

Путин не е најбогатиот во Кремљ – Еве кој заработува повеќе од него

Претседателот на Русија, Владимир Путин не е државникот кој заработува најмногу. Неговиот заменик-шеф на администрацијата, Сергеј Кириенко станал човек со највисок приход во 2016-та година, соопштува ТАСС, повикувајќи се на денеска објавените даночни пријави за приходите, трошоците и имот што се објавени на официјалниот сајт на Кремљ.

Кириенко заработил речиси 85,5 милиони рубљи (околу 1,43 милиони евра според сегашниот курс) Поголемиот дел од овие приходи очигледно сепак се добиени на неговото поранешноа работното место – во државната корпорација Росатом, која тој ја предводел се до 2016 година. Во Кремљ тој работи само три месеци.
Sergei Kiriyenko
На второ место е секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со декларирани 33,5 милиони рубљи (над 590.000 евра). Трет по заработувачка во 2016 година меѓу високите чиновници во администрацијата на Кремљ е ополномоштениот претставник на претседателот на Советот на федерацијата, Артур Муравов со 33,3 милиони рубљи (околу 553.000 евра).

Приходите на самиот претседател Владимир Путин во текот на минатата година се намалиле за 33.000 рубли наспроти 2015-та до 8,86 милион рубљи (околу 148.000 евра). Просечниот месечен приход на шефот на државатаа минатата година билеа 738.000 рубли, а во 2015-та – околу 741.000 рубли.

Недвижностите и автомобили не се променети. Путин има земјиште од 1.500 квадратни метри, стан од 77 квадратни метри и гаража од 18 квадратни метри. Сиот овој имот е во Русија.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев заработил во 2016 година 8,6 милиони рубљи, што е за близу 181.000 рубљи помалку отколку во претходната 2015-та, покажуваат податоците од даночната декларација, објавена денеска на официјални сајт на Кабинетотот на министри.