Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКисинџер: Со Путин е поисплатливо да се преговара – тој не е Хитлер

Кисинџер: Со Путин е поисплатливо да се преговара – тој не е Хитлер

Поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер смета дека воената закана од страна на Москва е “претерана”, сепак конфронтацијата во односите ќе им наштети на сите учесници во веројатното спротивставување, дури и ако Русија “не е способна да победи” на воено ниво.

Затоа за сите ќе биде поисплатливо да воспостават дијалог со Путин “за конкретни услови”. Ова го изјавил Хенри Кисинџер на конференција во Вашингтон, чии рефлекции ги пренсува La Stampa. Според Кисинџер, на Запад постои “длабоко неразбирање” кон Русија и политиката на нејзиното раководство, а тоа пречи за исполнување на дијалог.

“Путин не двојник на Хитлер, тој нема намера да води завојувачка политика. Неговата цел е да се врати достоинството на својата земја од Санкт Петербург до Владивосток во видот во која таа секогаш била. “Обидите Путин да биде прикажан како “глобално суперзло”е грешка, како во перспектива, така и во суштина” – предупредува Кисинџер .

Поранешниот државен секретар смета дека на Запад претера со”заканата” од страна на Кремљ: “Од воена гледна точка Русија не е способна да не задржи да не победи. Нејзината економија е послаба од економијата на секоја од европските земји-членки на “големата седморка” “- цитира La Stampa.

Но дури и ако Западот може да провоцира “распаѓање” на Русија, такво сценарио би создал сеопшта неповолна нестабилност, затоа “тоа не може да е наша цел”. Сето ова ја поттикнува идејата за преференции и дијалог – водејќи сметка дека алтернативата би била појава на “штети за сите земји кои се спротивставуваае”, дури и Русија да не може победи на воен план.

Обновата на “дипломатско посредување” треба да се базира на точно договорени услови, тврди американскиот политичар. Украина треба да “задржи својата независност, но да не влегува во НАТО”, додека судбината на Крим може да стане предмет на дискусија, пишува La Stampa.

Што се однесува до Сирија и целиот блиско источен регион, тоа треба “определено точно” да му се даде на Путин да разбере дека Русија “нема право да остане на Блискиот Исток”, смета Кисинџер.