Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтранските инвеститори бараат побрзо да се реши политичката криза

Странските инвеститори бараат побрзо да се реши политичката криза

Советот на странски инвеститори генерално е задоволен од деловната клима и условите за водење бизнис во Македонија поради евтината и соодветна работна сила, ниските давачки и даночната политика, но препорачуваат политичката криза што побрзо да заврши за да продолжи инвестицискиот циклус и проширувањето на нивните активности.

stopanska_komora-stranski_investicii

„Одолговлекувањето на политичката криза без сомнение ќе има долгорочни последици на македонското стопанство. Странските инвеститори, во ваков период, може да ги одложат одлуките за инвестирање, што е и очекувана реакција. Од друга страна, брзата стабилизација на политичкото опкружување не само што ќе привлече нови инвеститори туку и ќе им помогне на постојните да ги прошират своите деловни активности, изјави Штефан Петер“, претседател на Советот на странски инвеститори.

Во истражувањето кое го спроведе Сојузот на стопански комори, странските компании повторно би инвестирале во Македонија и би го прошириле бизнисот, а најголеми забелешки имаат за честата промена на законските прописи, правната несигурност и административните пречки.