Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтојковски: Нема услови за свикување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат

Стојковски: Нема услови за свикување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат

По реакцијата на професорите сенатори кои ја поддржаа иницијативата за свикување вонредна седница на Универзитетскиот сенат, во врска со случувањата околу избори за претседател на СПУКМ, преку отворено писмо во кое го повикаа ректорот во заминување на одговорност, поради непостапување согласно статутот на УКИМ за свикување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат, ректорот во заминување одговори на повиците преку отворено писмо, објави 24Вести.

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, принуден сум на истиот начин да ja дадам оваа информација. Наводите во отвореното писмо кое не е потпишано од ниту еден сенатор, туку е испратено само од еден сенатор, не се точни и не одговараат на реалноста. Како што претходно беа известени иницијаторите, согласно Деловникот за работа на Сенатот, нема услови за одржување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат. Уште еднаш потсетувам, дека Ректорската управа на Универзитетот донесе заклучоци за решавање на проблемот, кои беа доставени до сите сенатори. До денес, овие заклучоци се подржани од 41 сенатор, имајќи предвид дека еден дел од сенаторите се на годишен одмор“.

Ваквите искази во отвореното писмо на ректорот Стојковски не се точни за дел од иницијаторите.

Во писмото на ректорот се наведува дека решавањето на проблемите произлезени од настаните на денот на изборот за студентски лидер, треба да се почека извештајот на Комисијата за настаните околу изборите на претседател на Студентскиот праламент, а Комисијата формирана за Статутот да изготви предлог-одредби за студентското организирање и материјалите понатаму да бидат предмет на разгледување и одлучување на Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот. Сосотојбата во универзитетот се влоши по спроведување на студентските избори.