Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПисмото што експлодираше пред ММФ било испратено од Грција

Писмото што експлодираше пред ММФ било испратено од Грција

Писмото што експлодираше во европската подружница на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) било испратено од Грција, јави Reuters.

„Француските власти информираа дека е испратено од Грција“, изјави Никос Тоскас, министер за јавен ред на Грција.

Во средата германските власти запленија сомнителен пакет адресиран до германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Претходно одговорноста за тоа ја презеде грчка анархистичка група.