Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтафилокока пронајдена во кујната на Полициска академија

Стафилокока пронајдена во кујната на Полициска академија

Стафилокока е пронајдена на работните површини, опремата и на рацете, кај вработени во кујната, на полициска академија, каде минатата недела, тројца кадети со симптоми на труење со храна, завршија на Инфективна, јавува „Телма“

По ваквите наоди, инспекторите од Центарот за јавно здравје, денеска зеле нови примероци за анализа. Резултатите ќе бидат готови по три дена.

Донесено е и решение со кое кујната останува затворена, се` до оној момент кога лабораториските анализи ќе потврдат дека во неа е безбедно да се служи храна.

Според информациите на лекарите, затруените на полицикса академија, појадувале салама, а симтомите ги добиле два часа потоа. Еден оа нив, на инфективната клиника заврши со тешка дехидратација, а на симптоми на труење со храна дента се пожалиле уште 20-тина други кадети.