Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиСрпската влада во спасувачки поход, ќе се наоѓа решение за „Танјуг“

Српската влада во спасувачки поход, ќе се наоѓа решение за „Танјуг“

Уредбата за згаснување на „Танјуг“ нема да ја спречи Владата во Србија да го преземе спасувањето на новинската агенција во свои раце, пишува српски „Блиц“.

По информациите дека Танјуг официјално претстанал со работа и острите критики кон министерот за култура Иван Тасовац од страна на премиерот Александар Вучиќ, српската влада проценила дека треба да се вложат напори за решение.


„Идеално би било да се најде купувач, па времето до крајот на месецот ќе биде искористено за тоа“,изјавил за весникот извор од Владата.