Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбите се вратија во косовските институции по шест месеци

Србите се вратија во косовските институции по шест месеци

Политичките претставници на Србите официјално се вратија во косовските институции, по пауза од шест месеци. Српските претставници ја бојкотираа работата на косовскиот Парламент од октомври 2016 година, поради спротиставувањето на Законот за Трепча, кој беше усвоен без поддршка од српските пратеници.

Според претставникот на Српската листа, Славко Симиќ српските пратеници се вратија во Парламентот, пред се да ја искористат можноста да спречат формирање на косовска армија и да ги ускратат изговорите за неосновање на Заедница на српски општини. Тој, на прашањето дали одлуката за враќање на пратениците во Парламентот е донесена во договор со Белград, посочи дека тоа е во интерес на српскиот народ во Косово и оти се надева дека Владата на Србија ќе покаже разбирање за такават политичка одлука.