Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија ќе укине 30.000 работни места до крајот на годината

Србија ќе укине 30.000 работни места до крајот на годината

Српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Кори Удовички, изјави дека во јавните служби до крајот на годината ќе има 30.000 лица помалку вработени. Причината за ова е двегодишната рационализација.

„Рационализацијата трае веќе две години, бидејќи во сила е забраната за вработување (во јавна служба). До крајот на оваа година ќе имаме околу 30.000 помалку вработени во државната служба. Значи, помалку од оние кои работат во областа на културата, образованието, здравството, во она што се нарекува држава, а не јавни претпријатија“, изјави Удовички за РТС.

Локалните управи ширум Србија од Министерството ќе добијат квоти со максимален број вработени кои можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра. Се најавува и укинување на одделни државни агенции и спојување на оние кои се занимаваат со сродна проблематика во една агенција.