Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНаставниците бараат поголеми плати и укинување на екстерното тестирање

Наставниците бараат поголеми плати и укинување на екстерното тестирање

Укинување на екстерното тестирање и поголеми плати бара мултиетничкиот синдикат за образование, кој се пожали на условите во професијата. Ново избраниот Претседател на овој синдикат Драги Јовановски вели дека по формирање на новата влада, тој ќе побара реформи во образованието.

Ниту наставниот кадар не е задоволен од условите во кои работат. Според наставникот Ештреф Ала неговите колеги во Македонија работат во многу лоши услови и за мизерни плати.

„Секогаш сме алармирале и бараме, затоа што ние имаме кадри, да се изберат адекватните луѓе за главните прашања во образованието за да не бидеме тука каде што сме денеска, наставниците да работат во мизерни услови и за минимални плати. Тоа не може да се нарече плата“, изјави наставникот Ала.

Наставниците додаваат и дека мешањето на политиката во образование влијае негативно и врз учениците и врз студентите. Луѓето кои се вработиле преку партија, според нив, повеќе им служат на партиските каузи отколку на нивните задачи како наставници.