Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУкинат најкраткиот меѓународен лет

Укинат најкраткиот меѓународен лет

Укинат е осумминутниот лет меѓу Германија и Швајцарија, најкратката редовна меѓународна линија.Рутата што ги превезуваше патниците преку езерото Костанца на летот меѓу Алтераин во Швајцарија и Фридрихшафен на југот на Германија беше воведен во ноември минатата година.

Како што соопштија властите на аеродромот во Фридрихшафен, виенската воздухопловна компанија People’s Viennaline ја укинува линијата на 14 април поради малата побарувачка.

Борците за заштита на околината го критикуваа овој мини лет како бесмислен извор на загадување.