Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија апси поранешни министри, директори, бизнисмени

Србија апси поранешни министри, директори, бизнисмени

Србија се пушти во голема антикорупциска акција. Синоќа беа уапсени 79 лица во акцијата која српските медиуми ја нарекуваат најголем во борбата против корупцијата. Меѓу уапсените се и поранешни министри, бизнисмени, како и поранешни директори на јавните институции.

Полицијата се сомнева дека осомничените го оштетиле буџетот за околу сто милиони евра. Се товарат за злоупотреба на службената положба, за перење пари, примање и давање поткуп и за малверзации со јавни набавки. Министерот за внатрешни работи на Србија изјави дека по 5 лица се уште се трага. Тој рече дека овие истраги се водени од 2004 до денес и дека никој нема да биде поштеден.

NEBOJSA STEFANOVICМеѓу упасените се поранешниот министер за земјоделство на Србија, Слободан Милосавјевиќ, двајца заменици министри, директори на јавни претпријатија…