Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСПЦ шири хомофобија – не сака Брнабиќ да биде премиер затоа што е лезбијка

СПЦ шири хомофобија – не сака Брнабиќ да биде премиер затоа што е лезбијка

Српската православна црква (СПЦ) на сите начини се обидува да ја спречи можноста министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ да стане нов премиер на земјата, пишува српски „Блиц“.

Како што пренесува „Макфакс“, освен министрите Ивица Дачиќ и Никола Селаковиќ, и Брнабиќ исто така е кандидат за нов претседател на Владата. Меѓутоа, СПЦ се противи на тоа решение, поради тоа што како пишува весникот, актуелната министерка е лезбијка.

Извор на Блиц наведува дека евентуалниот избор на Брнабиќ е главна тема на секој состанок на црквените лидери, кои ја користат секоја можност тој проблем да го изнесат во разговорите со претставниците на власта во Белград.

Весникот наведува дека сегашниот премиер, кој наскоро ќе ја преземе функцијата претседател на државата, Александар Вучиќ, држи до мислењата на патријаршите и СПЦ, но дека овој пат тоа нема да биде пресудно. И самиот Вучиќ, потсетува Блиц, изјавил дека листата за идниот премиер е сведена на две-три имиња.