Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСпоред анкетите, Клинтон ја зголеми предноста над Трамп

Според анкетите, Клинтон ја зголеми предноста над Трамп

Телефонската анкета на „Вашингтон Пост“ и теливизијата „Еј-Би-Си“ спроведена меѓу 1 и 4 август покажа дека Клинтон има поддршка 50, а Трамп 42 отсто од испитаниците. Демократската кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон ја заголеми предноста после конвенциите на својата партија пред својот ривал Доналд Трамп на осум проценти.

Klinton

Поранешната американска државна секретарка доби значајно на популарност после конвенцијата на Демократската партија, одржана од 25 до 28 јули во Филаделфија, која покажала дека таа партија, за разлика од Републиканската, е обединета. На нејзината популарност дополнително помогнаа и гафовите на Доналд Трамп, покажаа анкетите.