Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСпасовски: Враќањето на позорникарите ќе ја зголеми довербата во полицијата

Спасовски: Враќањето на позорникарите ќе ја зголеми довербата во полицијата

Оливер Спасовски најави враќање на позорникарите меѓу граѓаните. Генералниот секретар на СДСМ кој попладнево се сретна со жителите на Карпош 3 изјави дека партијата во својата програма големо внимание ќе посвети на јавната безбедност.

„Тука сум да ве уверам дека вашите мали деца безбедно ќе играат надвор. Вашите деца тинејџери безбедно ќе се враќаат дома. Насилствата, кражбите по домовите, уличниот криминал, нарушувањата на јавниот ред и мир, други девијантни појави, ќе дејствуваме да ги спречиме пред можноста да се случат“, изјави Спасовски пред граѓаните на Карпош.