Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Попуштивме за да се откочат институциите

Спасовски: Попуштивме за да се откочат институциите

Заврши координативната седница во Собранието и сакам да соопштам дека е постигната согласност за членовите и претседателот на Комисијата. Прифативме претседател да биде член од ВМРО-ДПМНЕ за да се откочат институциите, за да не бидат граѓаните заложници на ниеден политичар и политичка партија, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

– Сметам дека ова е потребно и добро затоа што најмногу штета трпат економијата и државата, и на тој начин Македонија да почне да чекори напред се со цел и државата и граѓаните да имаат корист од институциите. Комисијата ќе биде формирана на конститутивната седницата. Денес ќе доставиме известување за ова до Собранието и некаде в понеделник треба да продолжи конститутивната седница – рече Спасовски.

На прашањето дали може да се вршат опструкции поради ваквиот избор, Спасовски рече дека во секој случај може да се вршат опструкции без разлика дали имате или не претседател.