Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасов со тужба против Ременски

Спасов со тужба против Ременски

Војната во министертството за труд и социјална политика не престанува. Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов најави тужби против техничката министерка Ременски за разрешувањето директори на центрите за социјални работи.

Според него таа незаконски разрешила 15 директори на јавни установи што претставува невиден политички реваншизам. Директорите од центрите за социјална работа писмено доставиле забелешки до Ременски, но таа целосно ги игнорирала и донела одлука за разрешување спротивно на Законот. Спасов смета дека е лага тоа што дел од директорите биле разрешени поради тоа што не доставиле годишни извештаи согласно Закон за социјална заштита.

„Се работи за очигледна лага, бидејќи истите извештаи се доставени за 2012, 2013 и 2014 година за што има конкретни докази, додека пак рокот за поднесување годишен извештај за 2015 е до крајот на февруари оваа година. Ова е флагрантен пример и доказ дека разрешувањето е незаконско“, вели Спасов.