Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСпасена жена која била затрупана, се уште има исчезнати

Спасена жена која била затрупана, се уште има исчезнати

Во полноќната акција за спасување екипите на војската, полицијата, брзата помош и противпожарните бригади извлекоа стотина граѓани заглавени во своите домови или автомобили, а спасена е и една жена која била затрупана од шут наносен од големата количина вода.

Според информациите на лекарите укажана им е помош на стотина повредени, пациентите се со скршеници, набиеници и посекотини.

Во Ургентниот центар било донесено и мртво осум годишно дете, кое лекарите за жал само му констатирале смрт. Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето. 5 лица и натаму се водат како исчезнати.