Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Спас за Валандово“ ги прошири блокадите – се пропуштаат само итните случаи

„Спас за Валандово“ ги прошири блокадите – се пропуштаат само итните случаи

Се прошируваат блокадите во Валандово. Револтирани што претседателката на Советот не свикува вонредна седница за распишување референдум, освен кон Гевгелија и Скопје, иницијативата „Спас за Валандово“ го блокира и патот кон Струмица и Дојран. Се пропуштаат само итните случаи.

Граѓанската иницијатива и понатаму бара да се свика вонредна седница и да не се чека законскиот рок од 60 дена, бидејќи потребните потписи во кои е изразена волјата на валандовчани за референдум се собрани и доставени.

Тврдат дека ако се чекаат законските рокови во овој случај референдум би имало наесен, кога рудникот ќе биде изграден, а паралелно ќе има и локални избори.

Претседателката на Советот на Општина Валандово Јасмина Сечкова тврди дека ќе закаже седница во законскиот предвиден рок, но паралелно таа побара мислења и препораки од Државниот инспекторат за локална самоуправа како да дејствува за распишување на референдумот.