Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиСП Казањ: Поп-Ацев на 14-та позиција во трката на 25 километри

СП Казањ: Поп-Ацев на 14-та позиција во трката на 25 километри

Светското првенство во Казањ ќе остане уште долго во сеќавањето за нашиот пливач Евгениј Поп-Ацев кој и официјално е првиот Македонец со најдобар пласман на Светско првенство во водено пливање. Претходно тој рекорд го држеше Мирјана Бошевска која се пласираше како петнаесетта во трката на 400 метри мешано на СП во Перт во далечната 2001 година.

Поп-Ацев настапи во конкуренција на 32 пливачи, а осум од нив не ја завршија трката.  Патеката ја исплива во време од 5:04:43.7, што беше за 11:32.7 минути послабо време од победничкото на првопласираниот Симоне Руфини.

Преостанатите двајца македонски пливачи на ова СП, Анастасија Богдановски и Марко Блажевски ќе пливаат од 4 до 9 август, кога завршува Мундијалот во главниот град на руската република Татарстан.