Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиТоми Стефановски триумфираше на 30-тиот Охридски пливачки маратон

Томи Стефановски триумфираше на 30-тиот Охридски пливачки маратон

Нашиот Томи Стефановски е победник на јубилејниот 30-ти Меѓународен пливачки маратон што се одржа денеска на Охридското Езеро.

Втор целната линија ја мина македонскиот маратонец Евгениј Поп-Ацев, но поради неправилно минување на последната бова тој е дисквалификуван, така што второто место му припадна на Едуардо Стокино од Италија, а третопласиран на охридскиот маратон е Матеус Евангелиста од Бразил.

Победник во женска конкуренција е Олга Козлодуб од Украина која низ целта мина заедно со победниците во машка конкуренција, второпласирана Дарија Килик од Русија, додека како трета на целта пристигна Пилар Геиљо од Аргентина.