Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеАктивирано Советувалиште за “Квалитетен живот без алкохол” во Скопје

Активирано Советувалиште за “Квалитетен живот без алкохол” во Скопје

Во населба Маџари, во објектот на кино Маџари започна да функционира советувалиште за проблеми предизвикани од злоупотреба на алкохол. Целта е да се препознае лице кое злоупотребува алкохол, да се процени дали е потребно лекување. Истовремено во рамките на „Квалитетен живот без алкохол“ ќе се овозможи поддршка и третман на жртви и извршители на семејно насилство поради злоупотреба на алкохол. Советувалиштето ќе биде отворено секој вторник од 17 и 30 до 19 и 30 часот, каде секој кој е заинтересиран ќе може да разговара со стручно лице во врска со проблемот со алкохол.