Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата го осуди вчерашниот напад во Барселона

Владата го осуди вчерашниот напад во Барселона

Владата на Република Македонија го осуди терористичкиот напад во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите како и до државите од кои доаѓаат, информираат од влада.

Од владата се надеваат дека, граѓаните на Барселона и туриститите веќе се безбедни.

„Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата“, порача премиерот Зоран Заев.