Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСоња Верушевска оди во куќен притвор

Соња Верушевска оди во куќен притвор

Се укинува мерката притвор на Соња Верушевска, осомничена во случајот „Пуч“, соопштија денеска од Основниот суд Скопје 1. Во нивното соопштение стои дека Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна поладнево доставил решение со кое жалбата на обвинетата Соња Верушевска изјавена преку нејзиниот адвокат, за укинување на мерката притовор се уважува.

Мерката притвор е замената со мерка – Куќен притвор во траење од 30 дена. Таа беше во притвор поради основано соменение дека сторила крвично дело Шпионажа. Верушевска, нејзиниот сопруг Зоран Верушевски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и уште едно лице се осомничен во случајот „Пуч“.