Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиуми„Содржините“ на FHM повеќе нема да ги палат мажите

„Содржините“ на FHM повеќе нема да ги палат мажите

Познатиот провокативен машки магазин FHM ќе биде повлечен од продажба поради намалиот број на читатели. FHM беше познат по провокативните насловни фотографии кои му беа конкуренција на Playboy, но со многу поголема префинетост. FHM во 90-тите беше главен избор на машката читателска публика со изданија во над 20 земји.

Во време на дигитални медиуми FHM успеа да се наметне во почетните онлајн моменти со редовна публика од 5 милиони посетители, но падот на продажба на печатените медиуми под 100 илјади броја придонесе во носењето на одлука за згаснување.

Претходно Playboy најави дека во насловните страни повеќе нема да објавува голотија туку дека ќе се посвети на посериозни содржини бидејќи еротиката повеќе не е провокативна за читателската публика.