Thursday, Apr 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиГолата амбиција на феминистката Емили Ратајковски

Голата амбиција на феминистката Емили Ратајковски

Актерката и манекенка Емили Ратајковски продолжува да ги полни насловните страници, овој пат на магазинот Harper`s Bazaar каде разговараше со уште една феминистка, авторката Наоми Волф.
Позирајќи гола на коњ, Емили објаснува дека денес секоја жена има обврска да биде феминистка.

Покажувајќи го нејзиното тело испраќа порака дека секој треба да биде прифатен според својот изглед иако многу жени секако не се манекенки ниту актерки.

emili ratajkovski2

Сепак, посочува и дека атрактивните жени се соочуваат со многу проблеми, особено во сегашната култура на порнографија во сите медиуми, од списанијата до социјалните мрежи, каде жените се објективизирани и се шират стереотипи дека мора да бидат со низок морал и промискуитет ако изгледаат убаво.