Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЗгасна најстариот охридски медиум „Радио Охрид“

Згасна најстариот охридски медиум „Радио Охрид“

Неколку дена наназад, фреквенцијата 89,0 преку која зрачеше најстариот охридски медиум, „Радио Охрид“, не е активна во радиоетерот.

За причините официјално никој не сака да зборува. Згаснувањето на сигналот дошло како последица на одлуката на охридската фирма „Маеми“, која пред околу една година го купи радиото од претходниот сопственик АМАК-СП, нo не го впишала својот удел како сопственост во Централнот регистар.

Охриѓани, редовните слушатели, особено новинарите, со неверување ја примија оваа информација бидејќи овој охридскиот медиум опстојува околу шест децении и е најстар во градот воопшто, но и еден од најстарите во Македонија.

За новинарот и негов долгогодишен раководител, Милчо Јованоски, „Радио Охрид“ во колективната меморија на Охрид е врежано како нешто повеќе од медиум, бидејќи беше и е трезор на непроценливо архивско богатство, значајно за градот и за земјата.

– Да не звучи како фалба, ама за времето на моето уредникување од цели девет години и плус директорување и управителство од повеќе од шест години, првата помисла ми беше дигитализацијата на техниката и на отворањето на новото студио. Заедно со тимот со кој соработував ја дигитализиравме програмата во околу 70 проценти – вели Јованоски.

„Радио Охрид“ речиси 60 години беше медиум од кој излегоа плејада новинарски имиња кои ја пишуваа градската историја низ децениите.

извор:Мета