Wednesday, Dec 11, 2019
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобрание ја нема потребната надзорна улога врз буџетот, тврди Џафери

Собрание ја нема потребната надзорна улога врз буџетот, тврди Џафери

talat dzaferi

Регионот начелно потфрла кога станува збор за законодавната контрола на јавните расходи и финансиската одговорност. Тоа е оценката на последниот извештај за периодот 2006 до 2016 презентиран на денешната конференција Регионалната конференција на мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграција на Западен Балкан, поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија и Светска банка.

Во делот за Македонија за периодот од 2007 година до 2015 се наведува дека легислативата и нејзиното спроведување биле во најлоша состојба и добиваат најлоши оценки. Во 2007 година генералната оценка за законодавната контрола врз годишниот буџет била Б+, додека во 2015 паѓа на Д+.

Причина за ваквото опаѓање на оценката е бојкотот на опозиција поради нарушувањето на буџетскиот процес од 2012 до 2014 година, немањето законска обврска Собранието да ги испитува ревизорските извештаи, недостигот на собрански расправи, како и тоа што Владата не обрнала посебно внимание на собраниската резолуцијата направена врз основа на извештајот на Државниот завод за ревизија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека секој парламент, покрај законодавна, има и надзорна функција, но дека македонското Собрание за жал ја нема оваа димензија.

– Оваа надзорна улога е особено важна кога станува збор за буџетот, бидејќи тој се полни пред се од граѓаните, а ние сме пратеници избрани од нив. Затоа, наша законска и демократска обврска е да вршиме транспарентен надзор како се трошат народните пари и дали преку буџетот се задоволуваат интересите и потребите на граѓаните, односно дали тој обезбедува стабилна сегашност и развојна иднина – рече Џафери.

Пратеникот Артан Груби, кој е и претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието и член на бордот за интеграција на мрежата на парламентарни комисии, истакна дека проширувањето на ЕУ е историски момент за Европа, но и за Западен Балкан.

Крис Левик од Вестминстер Фондацијата за демократија изрази задоволство за потпишувањето на меморандум за соработка, истакнувајќи дека ваквото регионално вмрежување ќе придонесе за унапредување на работата на парламентите во Западен Балкан.