Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо дипломатот Коѕиас за подобри односи со Грција

Со дипломатот Коѕиас за подобри односи со Грција

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција ќе разговаат за можното подобрување на односите меѓу двете земји. Во Скопје пристигна грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас кој денеска ќе оствари средба со неговиот колега, Никола Попоски, во една од ретките посети на грчки државни функционери по доаѓањето на власт на Ципрас и владата предводена од комунистичката партија.

kotzias3

Средбата со грчкиот министер Коѕиас, од македонското МНР наведуваат, дека ќе ја искористат за градење на позитивна клима со јужниот сосед, ќе се разговара за поголема соработка, а прашањето за името кое се уште е далеку од решение нема да биде ставено во фокусот.

Од грчкото МНР е наведено и дека Коѕиас ќе го искористи престојот во Скопје за разговори со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а потоа и со премиерот Никола Груевски. Коѕиас исто така ќе оствари средби и со лидерите на поголемите политички партии, како со Зоран Заев претседателот на СДМС, Мендух Тачи на ДПА , како и со Али Ахмети претседателот на ДУИ.