Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСо бодрење за младите фудбалери ќе се донира за поплавените

Со бодрење за младите фудбалери ќе се донира за поплавените

Фудбалската Федерација на Македонија повторно реши да ги донира сите собрани средства од продадени билети, па исто така влезниците по цена од 100 денари за вторничкиот натпревар меѓу Македонија и Северна Ирска ќе бидат искористени за хуманитарни цели.

Одлуката на ФФМ за поддршка на настраданите од поплавените подрачја ја поздравија репрезентативците на Македонија, Давид Бабунски и Енис Барди.

– Овие недели во Скопје, беше тешко и напнато, но сплотени се издигнавме. Со вашата поддршка за репрезентацијата на Македонија помагате и за поплавените подрачја. И за нас ќе биде и тешко и напнато, но оваа репрезентација покажа дека може многу. Да си помогнеме заеднички, навивајте за Македонија, изјави Давид Бабунски.

Младинската репрезентација до 21 година има реални шанси да се избори за бараж за настап на ЕУРО21 доколку оствари две победи на домашен терен. Натпреварот ќе се игра на националната арена „Филип Втори“.