Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев најави помош за малите бизниси погодени од ланските поплави

Заев најави помош за малите бизниси погодени од ланските поплави

Премиерот Зоран Заев денеска со претставниците на координативното тело на оштетените правни субјекти од поплавите во скопската населба Ченто и околните населби разговараше за проблемите со кои граѓаните се соочуваат по минатогодишните поплави.

Како што соопштија од владината прес-служба, од координативното тело оцениле дека институциите на државата не покажале никаков интерес за ефикасно решение, потенцирајќи ги штетите кои ги претрпеле локалните мали бизниси. Поради тоа, тие побарале од владата да изнајде начин како да се решат економските проблеми на оваа категорија граѓани предизвикани од поплавите.

Заев ги информирал дека веќе се работи на утврдување на првите чекори за да се најде решение за нивните проблеми, кои досега, како што рече биле неправедно игнорирани.

– Волја моја и на мнозинството е да ја исправиме и оваа неправда. Ќе ги најдеме сите можни правни мерки за да покажеме дека државата може и треба да биде мајка за сите – рече премиерот во текот на средбата.

Премиерот истакнал дека во соработка со комисијата за проценка на штети и координативното тело ќе бидат земени во предвид сите докази и записници со кои располагаат стопанствениците за претрпената штета за конечно проблемот на оштетените да премине во фаза на решавање.