Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСнежни врнежи низ поголемиот дел од државата се очекуваат во текот на утрешниот ден

Снежни врнежи низ поголемиот дел од државата се очекуваат во текот на утрешниот ден

Од утре Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика променливо облачно време со повремени врнежи од снег.

Во јужните делови врнежите наместа ќе бидат од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Во западните делови наместа се очекува да се формира снежна покривка од околу 25 сантиметри.

Во следните денови Управата за хидрометеролошки работи најавува променливо облачно време со повремени врнежи од врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено интензитетот на врнежите ќе биде обилен. На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег.

Стабилизирање на времето се очекува од петок.