Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСмирени тензиите на македонско- грчката граница

Смирени тензиите на македонско- грчката граница

Ситуацијата на македонско- грчката граница е мирна по тензиите кои настанаа од како македонската полиција фрли солзавец на мигрантите кои се обидоа да ја урнат оградата на и да влезат на територијата на Република Македонија.

sirija primirje

Стела Нану од УНХЦР Грција  вели дека ова утро имало тензии зошто луѓето се се повеќе фрустрирани. Тензиите растат а имаше и протести кои доведоа до хаотична ситуација која лесно може да излезе од контрола. Луѓето се таму со денови. Меѓу нив има семејства со мали деца кои живеат под многу тешки услови. Некои од нив во текот на вечерта спиеја во шатори или на отворено. Ситуацијата е многу тешка и предизвикувачка за бегалците, но и за хуманитарните работници.