Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСлужбеничката која го откри Клинтон во напад на Хилари

Службеничката која го откри Клинтон во напад на Хилари

Линда Трип е сигурно веќе заборавена од политичката јавност бидејќи речиси 20 години молчеше по откривањето на мега секс скандалот во кој тогашниот американски претседател Бил Клинтон имаше афера со вработената Моника Левински. Сега, Линда Трип го прекина молкот и објави шокантни детали за Хилари Клинтон која е нов кандидат за претседател.

linda trip

Трип вели дека Хилари била вистинско чудовиште и уште од првиот ден во Белата куќа им наредила на вработените да ја користат фразата 8 години за Бил, 8 години за Хил, алудирајќи на добивање по два мандати за оваа политичка династија. Исто така Хилари правела напори да се избркаат голем дел од жените во администрацијата за кои се сомневала дека имале афера со претседателот или останатите функционери, но добар дел од нив немале можност да ја кажат својата страна од приказната.

hilari clinton1

Линда Трип даде и мал опис на личноста на Хилари Клинтон која ја оценува како аристократ кој сака да манипулира со народот и има болна амбиција за власт. Хилари можеби ќе биде првата жена кандидат на Демократската партија, но иако беше фаворит нејзината кампања е проследена со многу скандали, поврзани со финансирање на „Клинтон Фондацијата“ и сомнителна комуникација со бизнисмени и политички моќници.