Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСлужбен Весник: Одлуката за избор на претседател на Собранието ќе биде објавена во првиот нареден број

Службен Весник: Одлуката за избор на претседател на Собранието ќе биде објавена во првиот нареден број

Барањето за објавувањето на Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија за која во јавноста беа изнесени повеќе шпекулации, е доставено, информира ЈП „Службен весник на Република Македонија“.

„Согласно со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавена во првиот нареден број на „Службен весник на РМ“ во почетокот на наредната недела“, се наведува во соопштението на Службен весник.