Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСловенецот Чеферин е новиот претседател на УЕФА

Словенецот Чеферин е новиот претседател на УЕФА

Словенецот Александар Чеферин денеска е избран за нов претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) откако ги доби потребните гласови на конресот во Атина. Чеферин, убедливо со 42 гласа го победи неговиот противник, Михаел ван Праг, кој освои само 13 гласа. Словенецот на оваа позиција ќе го замени Мишел Платини, кој по девет години на функцијата беше суспендиран поради неговата вмешаност во корупција. И фудбалската федерација на Македонија својот глас го даде на сега веќе новиот претседател на УЕФА кој се заложи за поддршка на Балканската лига.

Чеферин е седмиот претседател во 62-годишната историја на УЕФА.