Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСловенечката бодликава жица украсена со лампиони

Словенечката бодликава жица украсена со лампиони

Словеците ја украсија бодликавата жица. На иницијатива на младите жители на словенечкото место Бела Краина украсена е бодликавата жица покрај реката Купа, и тоа со златни и сини лампиони, кои се во боите на знамето на ЕУ, јави Танјуг.

Жителите на Бела Краина, која се наоѓа на природната граница со Хрватска, напоменуваат дека жицата ја оневозможува работата на рибарите и на туристичките работници, а предупредија и на можни поплави кои се закануваат поради подигнување на водостојот на реката Купа.