Monday, May 6, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСлавен Билиќ му обезбеди уште едно квалитетно засилување на Вест Хем!

Славен Билиќ му обезбеди уште едно квалитетно засилување на Вест Хем!

Славен Билиќ доведе уште едно квалитетно засилување во редовите на Вест Хем. Вест Хем продолжува да се засилува за новата сезона, а сега во тимот пристигна и лев бек, Артур Масуаку. Масуаку пристигнува од Олимпијакос, каде беше светла точка во тимот во последните две сезони и ќе претставува големо засилување за „Чеканите“, со кои стави потпис на четригодишен договор.

359177_640

Овој 22-годишен Франузин изминатите години беше и на мета на Рома, но тој трансфер никогаш не се случи. Покрај Рома и Вест Хем, за овој фудбалер од порано интерес покажуваа и Јувентус и Интер. Сепак, на крај Билиќ успеа да го обезбеди потписот на овој фудбалер, кој беше претставен во клубот и ќе го носи бројот 26.