Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХаос на островот: Вест Хем и Њукасл под истрага

Хаос на островот: Вест Хем и Њукасл под истрага

Фудбалски клубови Њукасл и Вест Хем се под истрага под сомнение за вршење на незаконски акти на пазарот и во нивниот бизнис.

Според последните информации, истрагата започнала на иницијатива на даночните власти на Велика Британија, кој истражува неправилности во трансферите на лондонскиот клуб и тимот од Сент Џејмс Парк.

Уапсени лица има повеќе, но најистакнато име меѓу нив е Ли Карне, директор на Њукасл.

По повод истрагата во англиските клубови, официјално соопштение се издаде и од страна на британскиот Оддел за приходи и Царина (ХМРЦ).

“ХМРЦ денеска нареди апсење на неколку лица поврзани со фудбалската индустрија, поради основано сомнение за измама во врска со пријавувањето на приходите и на националното осигурување. Во соработка со француските власти, инспекторите во посета на клубовите на североисток и југоисточниот дел на Англија, каде се уапсени лицата, запленети финансиски документи, компјутери и мобилни телефони. Исто така, во Франција се извршени претреси и апсења. Оваа истрага испраќа јасна порака дека секој што ќе сака да го избегне данокот, мора да се справи со последиците “, се вели во соопштението на даночните власти на Велика Британија.