Tuesday, May 7, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПотврдено: Фудбалер на Гранада позитивен на кокаин!

Потврдено: Фудбалер на Гранада позитивен на кокаин!

Пристигна во клубот ова лето како најскапо засилување во историјата на Гранада. Хозе Ангуло е пред раскинување на договорот со шпанскиот клуб Гранада, откако на дополнителните тестови беше потврдено дека конзумирал кокаин! Тој после првите тестови беше суспендиран уште од 25 август, кога Гранада доби инфромација од јужноамериканскиот фудбалски сојуз, дека Еквадорецот е позитивен на „забранета супстанца“, а спортскиот директор на Гранада потврди дека се работело за кокаин.

„Добив повик од претседателот на Индепендиенте Дел Вале и тој ни кажа дека играчот е позитивен на кокаин“, изјави директорот на Гранада, Хавиер Тоаралбо. „Мојот свет се сруши бидејќи после толку комплициран трансфер тој требаше да биде сериозно засилување за Гранада и ова е многу тешко за мене“, вели директорот на Шпанскиот клуб.

Ангуло инаку стави потпис на петгодишен договор со Гранада, но се очекуваво наредните неколку дена да го раскине договорот со овој клуб.