Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално го имаме првиот голем трансфер на островот, Забалета во Лондон!

Официјално го имаме првиот голем трансфер на островот, Забалета во Лондон!

Аргентинецот се согласи за трансфер во редовите на Вест Хем. Како што беше најавено минатата недела, Пабло Забалета ќе стане нов играч на Вест Хем.

Како што е потврдено од страна на добро информираните Скај Спорт, повикувајќи се на своите извори, Забалета ги договорил сите детали со Славен Билиќ и како слободен играч ќе пристигне во Лондон.

Забалета помина девет сезони на стадионот Етихад, беше дел од пишувањето на историјата на славната ера на ‘граѓаните’ ‘, но Пеп Гвардиола одлучи да не го обнови неговиот договор, како и со уште четири други играчи. Освен Забалета слободно можат да бараат нов клуб и играчите Гаел Клиши, Хесус Навас, Вили Кабаљеро и Бакари Сања кои не го продолжија договорот со Сити и ќе заминат како слободни играчи.

Без сомнение, ова ќе биде голем поттик за тимот на Славен Билиќ, Забалета има искуство во Премиер Лигата, тој одигра 332 натпревари за Сити и постигна 11 гола.