Saturday, Jul 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомСкакулци киборзи ќе откриваат бомби

Скакулци киборзи ќе откриваат бомби

Кучињата се познати по своето фантастично сетило за мирис, а различни видови се користат за откривање на експлозив. Меѓутоа, новото истражување навестува дека кучињата можат да бидат заменети од скакулци киборзи. Инженерите од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис работат на развој на систем кој ќе ги претвори скакулците во детектори на експлозиви на далечинско управување.

Електродите во мозоците на скакулците ќе праќаат повратни информации според кои луѓето ќе можат да заклучат дали нашле некои опасни супстанции. Технологијата која ќе се наоѓа на грбот на инсектите ќе овозможи целосна контрола над нив. Научниците добиле трогодишен гранд од 750.000 долари кои ќе им помогнат да ги остварат своите планови.

Научникот, Баранидхаран Раман и неговиот тим откриле дека скакулците можат да идентификуваат одредени мириси вклучувајќи ги тие за кои се тренирани, дури и во присуство на други мириси. Раман верува дека скакулците киборзи ќе бидат многу поефикасни од роботите, бидејќи нивните антени веќе содржат природни сензори. Кучињата исто така се многу корисни, но нивниот тренинг е долготраен. Ако тимот научници нема поголеми проблеми, скакулците киборзи наскоро ќе се користат за откривање на експлозиви.